Добродојдовте,
Јавното претпријатие за енергетски дејности “СТРУМИЦА-ГАС” – Струмица, ул. Боро Џони бр. 10 е основано со одлука на Советот на општина Струмица на седницата одржана 26.04.2010 година.
Во одлуката за основање на истото како главни дејности од јавен интерес се наведени:
● дистрибуција на природен гас;
● управување со системмот за дистрибуција на природен гас;
● снабдување со природен гас на тарифни потрошувачи приклучени на системот за дистрибуција на природен гас;
● производство на топлинска енергија;
● дистрибуција на топлинска енергија;
● снабдување со топлинска енергија;
● дистрибуција на геотермална енергија;
● снабдување со геотермална енергија и
● производство на енергија од обновливи извори.
Бидејќи поврзување на националниот гасовод на Република Македонија би се случило во наредните неколку години заради оддалеченоста на Струмица од истиот, единствено решение за гасификација на Струмица во моментов е принципот со компресија и декомпресија на гасот. Целокупниот процес опфака компресија на гасот и негов транспорт во специјални мат модули до локација на декомпресиската станица ( Gallileo тип PRP 2500M- 250/4) во Струмица. По декомпресија на гасот тој се пушта во гасоводната дистрибутивна мрежа на притисок од 4 бари.
Изградбата на гасоводната мрежа во градот Струмица се одвива според сите прописи за градење на ваков тип на гасоводи, што значи користење на полиетиленски цевки со највисок квалитет и стандарди како PE 100 SDR 11, ISO S-5 и DVGW.
Водени од специфичниот општествен карактер на градот и задоволување на неговите енергетски потреби, општина Струмица преку формирање на јавното претпријатие Струмица-Гас, на 11 април 2011 год, и официјално започна со изградба на гасоводната дистрибутивна мрежа.