Услуги
Јавното претпријатие за енергетски дејности “СТРУМИЦА-ГАС” – Струмица како главни услужни дејности ги има дистрибуцијата на природен гас и снабдувањето со природен гас на тарифни потрошувачи приклучени на системот за дистрибуција на природен гас на територијата на Општина Струмица. За таа цел ЈПЕД „Струмица-Гас“ се има здобиено со две лиценци; Лиценца за вршење на енергетска дејност дистрибуција на природен гас со УП1 11-209/12 од 09-01-2013, Одлука за издавање на Лиценца за вршење на енергетска дејност снабдување со природен гас со Уп бр.11-209/12 од 20.12.2016 год. и Одлука за издавање на Лиценца за вршење на енергетска дејност снабдување со природен гас на тарифни потрошувачи приклучени на системот за дистрибуција на природен гас бр. Уп бр.11- 209/12 од 23.12.2016 год. издадени од Регулаторна комисија за енергетика на република Македонија.
ЦЕНОВНИК за приклучување на корисници на дистрибутивната гасоводна мрежа за 2018
Овој ценовник се применува за трошоци на приклучната такса за објекти кои се наоѓаат на територијата на Општина Струмица, на кои им се одобрува приклучување на дистрибутивна гасоводна мрежа која ја гради ЈПЕД „Струмица-Гас“ Струмица. Цената на надоместокот за приклучување на дистрибутивната гасоводна мрежа на ЈПЕД „Струмица-Гас“ Струмица е определена во согласност со Методологијата за определување на надоместокот за приклучување на дистрибутивната гасоводна мрежа на ЈПЕД „Струмица-Гас“ Струмица дадена во мрежните правила на ЈПЕД „Струмица-Гас“ Струмица одобрени од страна на Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија, Решение Бр. 02 – 923/1 од 28.04.2015 година.
1. Стандарден приклучок
Стандарден приклучок е приклучок на дистрибутивниот гасоводен систем со мерно-регулаторен сет (МРС), со максимален проток не поголем од 9.6 nm³/h, во кој се вградени стандардизирани уреди и материјали, при чија изградба се извршуваат стандардни работи и кој е оддалечен од дистрибутивниот гасоводен систем не повеќе од 12 m.
Цена за изработка на стандарден приклучок, со вградување на мерно регулационен сет (изразена во еур)
Тип МРС |
G4 |
G6 |
Основна цена |
508 |
736 |
18% ДДВ |
92 |
132 |
ВКУПНО |
600 |
868 |
Цената за изработка стандарден приклучок го опфаќа материјалот, опремата и работите изведени за должина на приклучок до 12 метри со вграден мерно - регулационен сет.
2. Нестандарден гасен приклучок
Нестандарден приклучок се смета:
1. Стандарден приклучок кој е оддалечен од дистрибутивниот гасоводен систем повеќе од 12 m
- За КГП кој е оддалечен од дистрибутивниот гасоводен систем повеќе од 12 метри цената за приклучување се формира така што на цената на стандардниот приклучок се доплаќа за земјено градежните работи и полиетиленската цевка за разликата над 12 метри, според цените од тендерот за изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа за периодот на приклучување.
2. Приклучок со мернорегулаторна станица со вградени повеќе од еден мерач.
3. Приклучок кај правни лица (стопански објекти) со МРС со капацитет поголем од 9.6 nm³/h
А. Цена на мерно регулациони станици за стопански објекти (изразена во еур). Цените за МРС се според тендерот за набавка, транспорт и монтажа на мернорегулациони подстаници за 2018 година
Тип МРС |
МРС со повеќе мерачи тип G4 |
|
Четири мерачи |
Шест мерачи |
|
основна цена |
1.377 |
2.132 |
18% ДДВ |
248 |
384 |
ВКУПНО |
1.625 |
2.515 |
Тип МРС |
G10 |
G16 |
G25 |
G40 |
G65 |
G100 |
G160 |
основна цена |
1.403 |
1.574 |
1.993 |
6.197 |
7.214 |
8.155 |
9.488 |
18% ДДВ |
253 |
283 |
359 |
1.116 |
1.299 |
1.468 |
1.708 |
ВКУПНО |
1.656 |
1.857 |
2.352 |
7.313 |
8.513 |
9.623 |
11.196 |
Б. Цена за земјено градежните работи (ископ и затрупување на ров, сечење и поставување на бетон или асфалт и сл.), поставување на цевки PE100 со сите приклучни (спојни) елементи, непредвидени работи и ситен материјал. Оваа цена се формира според цените од тендерот за изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа за периодот на приклучување.
В. Трошоци за изработка и прибавување на потребна документација и
создавање на други услови за изградба.
Цената за приклучување на правни субјекти - нестандарден гасен приклучок, на дистрибутивната гасоводна мрежа се формира како збир од цените од точките А, Б и В.
4. Приклучоци на станбени, деловни и станбено-деловни објекти со една регулаторна и две или повеќе мерни станици.
А. Цена на регулаторни станици (изразена во еур). Цените за РС се според тендерот за набавка, транспорт и монтажа на мернорегулациони подстаници, за 2018 година
Тип РС |
Qmax=104 Nm³/h |
Qmax=160 Nm³/h |
Qmax=256 Nm³/h |
основна цена |
3.627 |
4.974 |
4.974 |
18% ДДВ |
653 |
895 |
895 |
ВКУПНО |
4.280 |
5.869 |
5.869 |
Б. Цена на мерни станици (изразена во еур). Цените за МС се според тендерот за набавка, транспорт и монтажа на мернорегулациони подстаници, за 2018 година
Тип МС |
G4 |
G6 |
основна цена |
233 |
324 |
18% ДДВ |
42 |
58 |
ВКУПНО |
275 |
382 |
В. Цена за земјено градежните работи (ископ и затрупување на ров, сечење и поставување на бетон или асфалт и сл.), поставување на цевки PE100 со сите приклучни елементи, непредвидени работи и ситен материјал. Оваа цена се формира според цените од тендерот за изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа за периодот на приклучување.
Г. Трошоци за изработка и прибавување на потребна документација и
создавање на други услови за изградба.
Цената за приклучување на овј тип на нестандарден гасен приклучок, на дистрибутивната гасоводна мрежа се формира како збир од цените од точките А, Б, В и Г.
Сите Цени се дадени во евра и се наплатуваат во денарска против вредност по среден курс на НБМ на денот на уплатата.
ЦЕНОВНИК за приклучување на корисници на дистрибутивната гасоводна мрежа за период Август 2016/ Август 2017
Овој ценовник се применува за трошоци на приклучната такса за објекти кои се наоѓаат на територијата на Општина Струмица, на кои им се одобрува приклучување на дистрибутивна гасоводна мрежа која ја гради ЈПЕД „Струмица-Гас“ Струмица. Цената на надоместокот за приклучување на дистрибутивната гасоводна мрежа на ЈПЕД „Струмица-Гас“ Струмица е определена во согласност со Методологијата за определување на надоместокот за приклучување на дистрибутивната гасоводна мрежа на ЈПЕД „Струмица-Гас“ Струмица дадена во мрежните правила на ЈПЕД „Струмица-Гас“ Струмица одобрени од страна на Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија, Решение Бр. 02 – 923/1 од 28.04.2015 година.
1. Стандарден приклучок
Стандарден приклучок е приклучок на дистрибутивниот гасоводен систем со мерно-регулаторен сет (МРС), со максимален проток не поголем од 9.6 nm³/h, во кој се вградени стандардизирани уреди и материјали, при чија изградба се извршуваат стандардни работи и кој е оддалечен од дистрибутивниот гасоводен систем не повеќе од 12 m.
Цена за изработка на стандарден приклучок, со вградување на мерно регулационен сет (изразена во еур)
Тип МРС |
G4 |
G6 |
Основна цена |
508 |
706 |
18% ДДВ |
92 |
127 |
ВКУПНО |
600 |
833 |
Цената за изработка стандарден приклучок го опфаќа материјалот, опремата и работите изведени за должина на приклучок до 12 метри со вграден мерно - регулационен сет.
2. Нестандарден гасен приклучок
Нестандарден приклучок се смета:
1. Стандарден приклучок кој е оддалечен од дистрибутивниот гасоводен систем повеќе од 12 m
- За КГП кој е оддалечен од дистрибутивниот гасоводен систем повеќе од 12 метри цената за приклучување се формира така што на цената на стандардниот приклучок се доплаќа за земјено градежните работи и полиетиленската цевка за разликата над 12 метри, според цените од тендерот за изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа за периодот на приклучување.
2. Приклучок кај правни лица (стопански објекти) со МРС со капацитет поголем од 9.6 nm³/h
А. Цена на мерно регулациони станици за стопански објекти (изразена во еур). Цените за МРС се според тендерот за набавка, транспорт и монтажа на мернорегулациони подстаници, за период од 17.08.2016 до 16.08.2017
Тип МРС |
G10 |
G16 |
G25 |
G40 |
G65 |
G100 |
G160 |
основна цена |
1.331 |
1.493 |
1.891 |
6.058 |
7.052 |
7.972 |
9.275 |
18% ДДВ |
240 |
269 |
340 |
1.090 |
1.269 |
1.435 |
1.669 |
ВКУПНО |
1.571 |
1.762 |
2.231 |
7.149 |
8.322 |
9.407 |
10.944 |
Б. Цена за земјено градежните работи (ископ и затрупување на ров, сечење и поставување на бетон или асфалт и сл.), поставување на цевки PE100 со сите приклучни (спојни) елементи, непредвидени работи и ситен материјал. Оваа цена се формира според цените од тендерот за изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа за периодот на приклучување.
В. Трошоци за изработка и прибавување на потребна документација и
создавање на други услови за изградба.
Цената за приклучување на правни субјекти - нестандарден гасен приклучок, на дистрибутивната гасоводна мрежа се формира како збир од цените од точките А, Б и В.
3. Приклучоци на станбени, деловни и станбено-деловни објекти со една регулаторна и две или повеќе мерни станици.
А. Цена на регулаторни станици (изразена во еур). Цените за РС се според тендерот за набавка, транспорт и монтажа на мернорегулациони подстаници, за период од 17.08.2016 до 16.08.2017
Тип РС |
Qmax=40 Nm³/h |
Qmax=104 Nm³/h |
Qmax=160 Nm³/h |
Qmax=256 Nm³/h |
основна цена |
1.398 |
3.514 |
4.870 |
4.870 |
18% ДДВ |
252 |
633 |
877 |
877 |
ВКУПНО |
1.650 |
4.147 |
5.747 |
5.747 |
Б. Цена на мерни станици (изразена во еур). Цените за МС се според тендерот за набавка, транспорт и монтажа на мернорегулациони подстаници, за период од 17.08.2016 до 16.08.2017
Тип МС |
G4 |
G6 |
основна цена |
227 |
312 |
18% ДДВ |
41 |
56 |
ВКУПНО |
268 |
369 |